Интернационална
Исплакнете го оризот, а потоа варете го на тивок оган во водата со стапчето цимет, кората од лимон и солта 10-12 минути, додека водата речиси не се впие.
Загрејте го млекото да биде жешко, но да не зоврие, и додадете го во оризот.
Варете непокриено на тивок оган 30-35 минути, често мешајќи за оризот да не се залепи, додека оризот не стане многу мек, а смесата кремаста.
Вмешајте го шеќерот и варете уште 5 минути, додека не се згусне, но сè уште да биде ретка.
Извадете ги стапчето цимет и кората од лимон и вмешајте ја ваниилата.
Распределете со лажица во 8 чинии; дополнително се згуснува додека се лади.
Посипете со мелен цимет и послужете топло или ладно.