мароканска
Измешајте го џинджифилот, куркумата, кимот, пиперот во прав, здробениот шафран, солта и пиперот со 1 лажица од маслиновото масло и намачкајте го пилешкото со пастата. Маринирајте 30 минути или преку ноќ во фрижидер.
Загрејте го преостанатото масло во таџин или тешка тенџера на средна температура и запржете го пилешкото по 3-4 минути од секоја страна, потоа оставете го настрана.
Додајте го рендaниот кромид и пржете 8 минути, мешајќи, додека не омекне и не порумени, потоа вмешајте го здробениот лук и оставете 1 минута.
Вратете го пилешкото со стапчето цимет и водата, покријте и крчкајте на слаб оган 40 минути, свртувајќи ги парчињата еднаш.
Исплакнете го конзервираниот лимон, фрлете ја внатрешноста и нарежете ја кората на тенки лентички.
Додајте ја кората од лимон и маслинките и крчкајте непокриено 10-15 минути, додека сосот не се сгусне, а пилешкото не стане многу меко.
Извадете го стапчето цимет, посипете со ситно сечениот коријандер и магдонос и послужете со леб или кускус.